• петок, 27 декември 2024

Учесничка на „Американски идол“ ќе ја претставува Грузија на „Евровизија“

Учесничка на „Американски идол“ ќе ја претставува Грузија на „Евровизија“

Скопје, 16 јануари 2024 (МИА) - Нутса Бузаладзе ќе ја претставува Грузија на 68. издание на „Евровизија“ во Малме, Шведска.

Таа е позната по нејзиното учество на „Американски идол“ во 2023 година, каде заедно со Кајли Миног го изведоа хитот „Can’t get you out of my head“.

Изминативе години, Бузаладзе живеела и во Лос Анџелес и во Дубаи, но, Грузија ја нарекува дом.

Песната со која ќе ја претставува Грузија во мај, ќе може да се слушне во наредните недели. бд/са/

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Остани поврзан