• недела, 17 ноември 2024

Учесници во Еразмус + проект од неколку земји ги посетија Еко едукативниот центар и работилницата за позитивни практики во Кавадарци 

Учесници во Еразмус + проект од неколку земји ги посетија Еко едукативниот центар и работилницата за позитивни практики во Кавадарци 

Кавадарци, 10 октомври 2024 (МИА) - Учесници во Еразмус + проект од неколку земји попладнево ги посетија Еко едукативниот центар и работилницата за позитивни практики во Кавадарци, информираа екологистите од регионалниот еколошки центар „Еко живот“.  

-Проектот „Биодиверзитетот е нашата иднина“ го спроведуваат училишта од Португалија, Канарските Острови (Шпанија), Француска Гвинеа и Естонија, заедно со Советот за превентива против малолетничка деликвенција – СППМД од Кавадарци. Има за цел да креира иновативно практични наставни материјали, лесно приспособливи за формално и неформално учење, како и да ги воведе и зајакне европската димензија и идните перспективи за соработка помеѓу партнерите, појаснија од „Еко живот“. 

Оттаму додадоа  дека во наредните пет дена, 16 директори и професори ќе работат на идентификување на најдобрите практики, на создавање курсеви за применета екологија на отворено, што ќе можат да ги користат наставниците и другите образовни групи, како и на запознавање со различните биодиверзитети и култури на секоја од земјите партнери, преку активности на отворено и посети на различни локации.

-„Еко живот“ и Еко едукативниот центар секогаш се отворени за соработка со физички и правни лица, со цел промовирање на биодиверзитетот и еко свеста, подвлекоа од оваа кавадаречка еколошка организација. свд/вј/

Фото : Фејсбук страница  на „Еко живот“ 

Остани поврзан