• петок, 27 декември 2024

Учесниците на Струшките вечери на поезија“ пишуваа поезија на шишиња вино

Учесниците на Струшките вечери на поезија“ пишуваа поезија на шишиња вино
Струга, 29 август 2022 (МИА) - Учесниците на 61. издание на Струшките вечери на поезијата пишуваа поезија на шишиња вино. Шишињата со испишани стихови, како што соопшти СВП, ќе бидат дел од специјалната колекција на винаријата „Тиквеш“ наречена „Луда Мара“. - Секое вино од оваа линија раскажува своја сопствена автентична приказна и е посебно доживување што води до нови хоризонти, соопштија Струшките вечери на поезијата. Според соопштението, винарската визба „Тиквеш“ ја креирала линијата „Луда Мара“ за да ја зајакне автентичноста на своите вина. - Новиот бренд го поврзавме со името на реката Луда Мара, која поминува низ тиквешкиот регион и која со својата уникатна природа и карактер, како и со бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на единствениот карактер на нашите вина, посочуваат од „Тиквеш“. сс/ев/

Остани поврзан