• недела, 17 ноември 2024

Учесниците на свеченото отворање на Олимпијадата се закануваат со штрајк поради работните услови

Учесниците на свеченото отворање на Олимпијадата се закануваат со штрајк поради работните услови

Париз, 18 јули 2024 (МИА) - Уметниците кои треба да учествуваат на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз на 26 јули, им се заканија на организаторите со штрајк.

Весникот „Le Parisien“ пишува за ова повикувајќи се на синдикатот на Генералната конфедерација на трудот (CGT). 

Незадоволството на уметниците е поврзано со условите за работа, вклучувајќи ја и платата, а укажуваат и на прекршување на договорите.

Забележано е дека преговорите со организацискиот комитет „Париз 2024“ и агенцијата „Панаме 24“, која работи на церемонијата на отворање, сè уште не доведоа до напредок.

Програмата за отворање на Олимпијадата предвидува на 26 јули во претставата да настапат околу 3.000 танчери, музичари и актери. Ќе се одржи на реката Сена, вклучувајќи насипи и мостови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан