• вторник, 24 декември 2024

Учесниците на самитот Русија-Африка ја договорија финалната декларација

Учесниците на самитот Русија-Африка ја договорија финалната декларација

Санкт Петербург, 28 јули 2023 (МИА) – Русија и африканските земји ќе се спротивстават на обидите да се користат меѓународни правни инструменти за контрола на оружјето во политички цели, се вели во завршната декларација на вториот самит Русија-Африка усвоена денеска.

Како што се додава во декларацијата, објавена на веб-страницата на Кремљ, Русија се договорила со африканските земји да работат во Советот за безбедност на ОН на олеснување и укинување на санкциите против африканските земји.

Русија и африканските земји, се истакнува во текстот, се против едностраните санкции, вклучително и секундарните, како и замрзнувањето на суверените златни и девизни резерви. јт/

Фото: Веб страница на Кремљ

Остани поврзан