• сабота, 27 јули 2024

Учесниците на „Истибањското здравоживо 2022“ настапија на Градскиот плоштад во Македонска Каменица

Учесниците на „Истибањското здравоживо 2022“ настапија на Градскиот плоштад во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 14 септември 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица беше одржан концерт на кој настапија групите кои се дел од овогодишниот Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо 2022“. Покрај игроорните групи од Македонија, како што информираа од Културно-информативниот центар „Романса“, пред публиката се претставија културно-уметнички друштва од Украина, Полска, Литванија, Босна и Херцеговина и од Романија.
- Со ова, Меѓународниот фолклорен фестивал  "Истибањското Здравоживо 2022", на задоволство на публиката, учесниците и организаторите, бележи уште една успешна реализација на гостувањето на оваа манифестација во Македонска Каменица, истакнаа од КИЦ „Романса".
Пред почетокот на концертните настапи долж градските улици, додаваат оттаму, се одржа традиционалното фолклорно дефиле.
Настанот е поддржан од КИЦ Романса, КУД Вера Јоциќ и Општина Македонска Каменица, а е организиран во соработка со ФА „Китка“ Истибања Виница. вс/сст/

Остани поврзан