• петок, 27 декември 2024

Ученици од Ресен третопласирани на Европскиот квиз на пари

Ученици од Ресен третопласирани на Европскиот квиз на пари

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска го освоија третото место на финалето на Европскиот квиз за пари 2024 година, што во петокот се одржа во Брисел во организаација на Европската банкарска федерација (ЕБФ).

Од Македонската банкарска асоцијација информираат дека тимот на Австрија го освоил првото место, а второпласирана била екипата од Чешка.

На натпреварот учествувале вкупно 26 земји: Албанија, Австрија, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија и Украина.

Годинава, на Европскиот квиз за пари имало рекорден одѕив во неколку земји, при што приближно 36 000 тинејџери од 2 200 училишта учествувале во националните натпревари низ Европа. Целта на иницијативата, започната од ЕБФ во 2017 година, е да ги подобри финансиските знаења на младите луѓе и да поттикне финансиски одговорна генерација.

- Квизот го тестираше знаењето на учесниците за критичните финансиски теми за тинејџерите, вклучувајќи долгорочно планирање, стратегии за штедење, разбирање на криптовалути, свесност за сајбер безбедноста и одговорно управување со кредитите. Сите прашања се усогласени со упатствата на ОЕЦД/ИНФЕ за едукација за финансиска писменост, се наведува во соопштението.

Според извршниот директор на ЕБФ Вим Мијс, младите развивајќи ги своите вештини со поддршка на нивните ментори, добиваат сериозен почеток на зрелоста.   

Секоја година во Брисел гледаме нова генерација на млади кои се подготвени да ги совладаат финансиските вештини и да ја добијат титулата европски шампион. Развивајќи ги своите вештини со поддршка од нивните ментори, тие добиваат сериозен почеток за зрелоста. Импресивно е да се види толку многу позитивна енергија во Брисел, од година во година, изјавил Мијс. бак/лв/

Фото: МБА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан