• сабота, 23 ноември 2024

Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење

Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање. 

Дел од медиумите наведоа дека привремено е затворена кујната каде се приготвува храната. 

Директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за Телма вели дека во интерес на заштита на децата денеска топол оброк не се служи во кујната. 

Од Институтот за јавно здравје засега нема одговор. бд/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан