• недела, 24 ноември 2024

Ученици од кочанската гимназија „Љупчо Сантов“ на практична работа во компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“

Ученици од кочанската гимназија „Љупчо Сантов“ на практична работа во компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“
Кочани, 15 декември 2020 (МИА) - Средното општинско училиште „Љупчо Сантов“ и компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ потпишаа Mеморандум за соработка за реализација на практична настава за учениците од модулот економски техничар. Со договорот, 64 ученици добиваат можност да ја реализираат одложената феријална практична настава за изминатата учебна година. – Со претставници на Економскиот актив и со сите професори што им предаваат на учениците од прва година направиме амбициозна програма. Денеска со менаџерскиот тим на „Амфенол технолоџи Македонија“ договоривме реализација на десетдневната феријална практика, истакна Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“. Од компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ изразија задоволство од пројавениот интерес, со оценка дека ваквиот начин на соработка е од интерес не само за двете вклучени страни, туку и за пошироката заедница.. – Се надевам дека со практичната настава учениците ќе можат до допрат до суштинските знаења за нивното работење, а наш интерес е да ја афирмираме компанијата да стане поблиска до учениците. Како општествено одговорна компанија и во услови на Ковид-19, сметаме дека ова е мотив плус да излеземе во пресрет на училиштето и на Локалната самоуправа. Се надевам на успешна реализација, истакна Сашко Наков, директор на компанијата „Амфенол технолоци Македонија“. На потпишувањето на меморандумот за соработка присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, кој истакна дека се работи за важен сегмент во стручното образование, а без практично знаење ќе нема ниту добри работници, ниту имаме добри компании.та/фф/

Остани поврзан