• сабота, 23 ноември 2024

Учениците од Дебрца наставата ќе ја следат со физичко присуство

Учениците од Дебрца наставата ќе ја следат со физичко присуство
Охрид, 9 септември 2020 (МИА) – Наставата во Основното училиште „Дебрца“ во село Белчишта во престојната учебна 2020/21 година да се одвива со физичко присуство на учениците и тоа за сите ученици од прво до деветто одделение, одлучи денеска Советот на Општината Дебрца. Според одлуката на Советот, воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата. Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ„Дебрца“, Белчишта ќе се проследи до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, а за добивање согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето. аб/мч/

Остани поврзан