• среда, 13 ноември 2024

Учебникот по Историја и општество за петто одделение повлечен од наставата 

Учебникот по Историја и општество за петто одделение повлечен од наставата 

Скопје, 31 мај 2023 (МИА) - Учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба поради грешки во содржината. Министерството за образование и наука објави повик за формирање  авторски тим за  изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5 јуни. 

Поради грешките во учебникот, кои беа увидени во декември, само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН на крајот на минатата година  информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.

Министерството за образование и наука тогаш побара од Националната комисија за учебници, како највисоко тело во процесот на одобрување на учебници, информации за постапката за одобрување на конкретниот учебник во кој, како што наведе МОН, „констатирани се низа грешки и нелогичности кои не смееја да се дозволат“. хс/ цр

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан