• четврток, 12 февруари 2026

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег

Скопје, 8 февруари 2026 (МИА) - Утре ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места со повремен дожд, при што во југозападните делови се очекуваат врнежи над 15 литри на метар квадратен. На повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре се очекува и појава на магла во одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, поради што се препорачува зголемена внимателност во сообраќајот.

Нови врнежи, како што велат од УХМР, ќе има и во текот на следната седмица, кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во дел од повисоките подрачја и од снег. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан