УХМР: Наместа повремено поројни врнежи утре и викендов
- Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои утре и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира врнежи од дожд кои утре и во деновите од викендот наместа ќе бидат повремено поројни.
- Во недела и ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места, претежно во северните и североисточните делови, врнежите ќе бидат повремено од снег, соопшти УХМР.
Повремен локален дожд се очекува денеска попладне и кон крајот на денот, а ќе дува и слаб до умерен променлив ветер. хс/лв/
Фото: МИА архива