• сабота, 23 ноември 2024

УХМР: Водостојот на Вардар во Скопје ќе се намалува, сите и понатака релативно високи

УХМР: Водостојот на Вардар во Скопје ќе се намалува, сите и понатака релативно високи
Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) -  Од последните информации добиени од хидролошките набљудувачи, насекаде имаме високи водостои, надпросечни за овој дел од годината, со опасност од локални излевања. Во горните текови (горните делови од сливовите) притисокот на водениот бран попушта и врвот на бранот се спушта низводно по течението на поголемите реки, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи. Во однос на податоците од 13:00 часот, измерените податоци од 16 часот покажуваат дека Вардар е за 2 cm намален кај Јегуновце, а во Скопје бележи пораст од 15 cm. Во Велес, порастот изнесува 20 cm, а на Црна Река кај Новаци 28 cm. Според УХМР, во Скопје во текот на ноќта, водостојот ќе почне да се намалува, а во Велес рано наутро ќе го достигне својот максимум. Очекуваат сите водостои кај водотеците и понатака да бидат релативно високи, а како најкритични ги посочуваат реките Вардар горен и среден тек, Треска, Лепенец, Пчиња, Крива, Црна, Радика и Сатеска. Во текот на ноќта се очекува намалување на врнежите, а со тоа и притисокот на врнежите врз исткувањата ќе се намали. Водениот бран ќе се префрли во долните делови од сливовите. Во рамниците има појава на заезерување на одредени површини, а има и локални излевања кај повеќето водотеци низ државата, па поради тоа и понатака од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците суводолиците и во клисурите, поради можност од појава на големи води, излевања, свлечишта и одрони.лв/

Остани поврзан