• сабота, 27 јули 2024

УХМР најавува снежна покривка во поголемиот дел од државата

УХМР најавува снежна покривка во поголемиот дел од државата
Скопје, 14 јануари 2021 (МИА) - Во попладневните часови ни претстојат врнежи од снег,кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде, со тоа што во западните делови од земјата ќе бидат позастапени и пообилни, а на јужните подрачја ќе има врнежи и од дожд. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи во поголемиот дел од земјата ќе се формира снежна покривка, во попладневните часови и во главниот град, а минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Од утре ќе преовладува претежно суво и многу студено време, кое ќе продолжи и во текот на викендите и во почетокот на наредната седмица кога и дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.свс/лв/

Остани поврзан