• среда, 16 октомври 2024

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

Скопје, 15 окотмври 2024 (МИА) - Утрото постудено, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.

И во среда ќе се задржи сончево и релативно топло време со појава на локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за слаба магла или ниска облачност. Од четврток ќе има зголемена облачност, а во петок и сабота повремени локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан