• сабота, 27 јули 2024

Утрово трето авио-прскање против комарци во Крива Паланка, попладне ќе се прска од земја

Утрово трето авио-прскање против комарци во Крива Паланка, попладне ќе се прска од земја

Крива Паланка, 18 јули 2024 (МИА) - Третото авионско прскање против комарци на подрачјето на Општина Крива Паланка беше извршено рано утрово, во периодот помеѓу пет и шест часот, а терестијално прскање е закажано попладнево, по 19 часот.

-Денеска се организира двојно прскање против комарци, терестијално и авионско. Третото по ред годинава авио-прскање е успешно завршено утрово, со оглед на поволните временски услови, додека земјена дезинсекција ќе се реализира попладнево. Терестијална дезинсекција ќе се изврши во централното градско подрачје во реонот на градскиот плоштад, градски парк и речно корито во областа до и околу градскиот парк, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Од општината апелираат граѓаните да избегнуваат задржување на посочените локации, со цел успешна и непречена реализација на терестијална дезинскеција и заштита на населението од комарци. ид/мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан