• четврток, 26 декември 2024

Утре ќе има помрачување на „крвавата Месечина“, следното 2025 година

Утре ќе има помрачување на „крвавата Месечина“, следното 2025 година

Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) - Ретко затемнување на „крвавата Месечина“ ќе се случи утре и ќе биде видливо речиси од целиот свет. Инаку, ова ќе биде последна ваква појава до март 2025 година.

Тој астрономски феномен е познат како „крвавата Месечина“ поради необичната црвеникава нијанса што Месечината ја добива. Помрачувањето, инаку, може да се набљудува без специјална опрема. Целосно затемнување на Месечината се случува кога Земјата ќе мине меѓу Сонцето и нашиот природен сателит, фрлајќи ја својата сенка врз него. Додека директната сончева светлина е целосно блокирана, атмосферата на Земјата е доволно „проѕирна“ да дозволи малку светлина да дојде до Месечината. Утрешното затемнување на Месечината ќе трае час и 25 минути, а ќе биде видливо од поголемиот дел од светот. Вo Скопје, зенитот ќе биде постигнат во 12:02 ч. попладне.  си/сд/

Остани поврзан