• понеделник, 29 јули 2024

Утре топло со дневни температури над просекот за овој период од годината

Утре топло со дневни температури над просекот за овој период од годината
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и утре времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. -Утре кон крајот на денот и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Во недела ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури, а од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури. дма/нд/

Остани поврзан