• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Утре стартува сезона за наводнување од ХМС „Тиквеш", производители на кромид и лук први најавиле потреба од вода

Утре стартува сезона за наводнување од ХМС „Тиквеш

Кавадарци, 14 април 2025 (МИА) - Утре стартува сезоната за наводнување со вода од  хидромелиоративниот систем „Тиквеш", обезбедена од Тиквешко Езеро,  а производители на млад кромид и лук први најавиле потреба од вода, како и земјоделци на други раноградинарски култури. Во изјава за МИА, директорот на подружницата ,,Тиквеш" на АД Водостопанство, Атанас Ризов појасни дека водата ја има во магистралниот канал и во зависност од побарувачката ќе се полнат и левиот и десниот канал од делницата, а водат кон Росоман, Градско и Неготино. 

- Системот ,,Тиквеш" има околу 200 километри каналска мрежа. Проектиран е за наводнување на околу 12 илјади хектари земјоделска површина. Но, во регионот што го покриваме а ги опфаќа општините, Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија и Градско, реално се обработуваат околу 7.5 илјади хектари. Проблеми засега нема на стартот на оваа наводнувачка сезона, истакна Ризов. 

Тој нагласи дека вложуваат максимални напори, сезоната за наводнување да помине во најдобар ред и сите заинтересирани земјоделци навремено да добијат вода за наводнување, во посакуваните количини. свд/

Фото: Водостопанство,,Тиквеш" 

 

Остани поврзан