Утре руско-американски консултации за стратешка стабилност
- Уште една рунда руско-американски консултации за стратешка стабилност ќе се одржи утре во Хелсинки, изјави за ТАСС портпарол на руското Министерство за надворешни работи.
Москва, 4 октомври 2020 (МИА) - Уште една рунда руско-американски консултации за стратешка стабилност ќе се одржи утре во Хелсинки, изјави за ТАСС портпарол на руското Министерство за надворешни работи.
- Руското Министерство за надворешни работи потврдува дека ќе се одржат консултации (во Хелсинки, на 5 октомври), рече портпаролот.
Пактот за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Русија и Соединетите Американски Држави најверојатно ќе биде во фокусот на состанокот, бидејќи тој истекува во февруари.
Како што пренесуваат странските агенции, Русија гледа минимални шанси за продолжување на новиот договор СТАРТ - последниот најголем договор околу нуклеарното вооружување, затоа што не ги прифаќа условите поставени од Вашингтон. паг/