• недела, 24 ноември 2024

Утре ниски температури од жолта фаза, МЗ со препораки до населението

Утре ниски температури од жолта фаза, МЗ со препораки до населението
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) - Поради пониските температури кои се најавуваат за утре на целата територија на државата, Министерството за здравство им препорачува на граѓаните да носат повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација на топли напитоци. Од Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството препорачуваат и избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Исто така, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини. -Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана, се наведува во соопштението на Министерството. Според Управата за хидрометеоролошки рабити, за утре се најавува жолта (алетрна фаза). Времето во текот на утрешниот ден ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -7, а максималната ќе достигне од -3 до 5 степени. Во Скопје утре ќе сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -12, а максималната ќе достигне до 2 степени. Од УХРМ информираат дека до сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.бт/са/

Остани поврзан