• петок, 27 декември 2024

Денот на настава на турски јазик, 21 декември, неработен за граѓаните припадници на турската заедница

Денот на настава на турски јазик, 21 декември, неработен за граѓаните припадници на турската заедница

Скопје, 20 декември 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2023 година (четврток), Ден на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението, на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик. цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан