• петок, 27 декември 2024

Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст

Утре и задутре сончево со умерена облачност, температурите со постепен пораст
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) - Во следните два дена во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Се најавува дека температурите ќе бидат во постепен пораст, кои ќе се движат од 10 до 36 степени Целзиусови, соопшти УХМР. Од УХМР информираат дека во сабота се очекува на повеќе места времето да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Времето денеска до крајот на денот ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне особено во планинските подрачја на северозапад и североисток ќе има услови за слаб краткотраен дожд. Максималните температури ќе се движат во интервал од 23 до 31 степен. УВ индексот =7. Во Скопје времено ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималните темпратури ќе се движат до 28 степени Целзиусови.фф/дма/

Остани поврзан