Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
- Утре и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни, соопшти УХМР.

Скопје, 19 март 2025 (МИА) - Утре и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни, соопшти УХМР.
Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. дма/са/
Фото: МИА архива