• петок, 12 декември 2025

Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија

Утре завршува рокот за запишување граѓански обврзници од третата емисија

Скопје, 9 декември 2025 (МИА) - Граѓаните имаат можност да запишат граѓански обврзници од третата емисија во деловните банки во земјава уште два дена, односно денеска и утре.

Граѓанските обврзници oд оваа емисија се со рок од две години и каматна стапка од 4,5 проценти годишно. Износот на една граѓанска обврзница којашто граѓаните можат да ја запишат е 10.000 денари.

Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а аукцијата ќе се одржи во петок, на 12 декември.

Датумот на достасување на обврзниците од оваа емисија е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата за првата година достасува на 19 декември 2026, а за втората година на 19 декември 2027 година. бак/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан