• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Утре во Штип ќе се спроведе дезинсекција за уништување на комарци

Утре во Штип ќе се спроведе дезинсекција за уништување на комарци

Штип, 14 април 2025 (МИА) - Општина Штип утре ќе спроведе ларвицидна дезинсекција за уништување на комарците. Третирањето ќе се одвива во утринските часови, а ќе бидат опфатени застојните води во урбаните населби и локалитети на територија на општината. Во соопштението од Општина Штип се вели дека доколку има неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за следен поволен ден.

-Ве информираме дека на ден 15.04.2025 година (вторник), на територијата на Општина Штип ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција за уништување на комарците.  Третирањето ќе се одвива во периодот од 09:30 до 13:30 часот, и ќе ги опфати застојните води во урбаните населби и локалитети низ општината.  Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот следен поволен ден, се наведува во соопштението на Општина Штип.

Се посочува дека ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести и е предвидена во Програмата за активности на Општина Штип во областа на здравствената заштита. вдј/фф/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан