Утре во Битола од 9 до 13 часот времен режим на сообраќајот во градот
- СВР-Битола информира дека утре во времето од 9:00 до 13:00 часот, а по повод одбележувањето на годишнина од Холокаустот на подрачјето на Општина Битола ќе се спроведе времен режим на сообраќај на одредени реони во градот.
Битола, 8 март 2023 (МИА) - СВР-Битола информира дека утре во времето од 9:00 до 13:00 часот, а по повод одбележувањето на годишнина од Холокаустот на подрачјето на Општина Битола ќе се спроведе времен режим на сообраќај на одредени реони во градот.
Заради непречено спроведување на активности предвидни на неколку локации во градот, сообраќајот ќе се одвива со посебно регулирање и пренасочување.
Како што е познато утре во Битола ќе се одржи традиционалниот „Марш на живите“ кој почнува од пред Споменикот на депортираните битолски Евреи што се наоѓа пред Здравствен дом „Др Хаим Абраванел“, учесниците се движат по Широк Сокак, низ градското шеталиште, се до битолската Железничка станица. мт/дма/
Фото: МИА