• недела, 24 ноември 2024

Утре бесплатен влез во Меморијалниот центар АСНОМ, Кокино и музејската поставка во Куманово

Утре бесплатен влез во Меморијалниот центар АСНОМ, Кокино и музејската поставка во Куманово

Куманово, 7 септември 2023 (МИА) - Меморијалниот центар АСНОМ, археолошко-астрономскиот локалитет Кокино и музејската поставка во центарот на Куманово, утре ќе бидат отворени за посетителите од Куманово и државата, по повод Денот на независноста – 8 Септември, информираа денеска од НУ Музеј Куманово.

-Лани имавме одличен интерес и годинава очекувам уште поголем. Важно е да се непомене дека во музејската поставка и во Меморијалниот центар АСНОМ ќе има водич кој ќе обезбеди информации за граѓаните, изјави директорката на НУ Музеј Куманово, Марија Миљуш Божурска.

Посетите се бесплатни и граѓаните можат да ги посетат овие локации со водич од  08:30 до 16:30 часот.

Денот на независноста се одбележува со низа пригодни манифестации, меѓу кои и изложби и отворени врати на културните установи, музеи и галерии низ целата држава.ам/вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан