• вторник, 12 ноември 2024

Утре без струја дел од општините Бутел, Студеничани и Гази Баба

Утре без струја дел од општините Бутел, Студеничани и Гази Баба

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) - Поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе бидат делови од општините Бутел, Студеничани и Гази Баба.

Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја од 10:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул: „Скоевска“ бр. 129, бр. 131 и бр. 133 во населба Радишани, општина Бутел.

-Од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците во село Мала Река, викенд населба Мала Река во општина Студеничани, а од 8:00 до 15:00 часот корисниците на ул.„ 8“ во Идризово-Дрма, општина Гази Баба, се наведува во соопштението. дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан