• четврток, 26 декември 2024

Утре без вода дел од корисниците во општина Кисела Вода

Утре без вода дел од корисниците во општина Кисела Вода
Скопје, 18 јули 2022(МИА)-ЈП Водовод и канализација информира дека утре, поради изведување на водоводен приклучок ф-600 мм на улица 1523/14 Пинтија, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата „Борис Трајковски“ (од крстосницата со булевар „Србија“ до мостот пред Драчево и краковите 3,5,7,9 и 11), с. Усје, населено место Каменик и дел од Пинтија. -Можно е намалување на притисокот на водоснабдувањето во населбите Драчево, Батинци, Студеничани и Морани, велат од ЈП Водовод и канализација. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности. ир/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан