• сабота, 23 ноември 2024

Утврден предлог-законот за трговија, задолжителна дезинфекција и редарска служба

Утврден предлог-законот за трговија, задолжителна дезинфекција и редарска служба
Скопје, 24 ноември 2020 (МИА) - Владата не денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за трговија, со цел обезбедување превенција и зајакнување на заштитата на здравјето на населението од ширењето на вирусот КОВИД-19 во услови на вршење трговија на мало. Со измените во законот за трговија, како што соопштија од Владата, продолжија да важат мерките предвидени со Уредба со законска сила. Согласно Уредбата, трговците на мало во услови на пандемија се должни да постават ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на објектите во кои се врши трговија на мало, да обезбеди редарска служба за да се запази минимум потребното растојание меѓу лицата пред и во објектот, и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот, да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред во објектот, да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените во објектот, како и други мерки.бт/са/

Остани поврзан