• среда, 25 декември 2024

Утврден Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност

Утврден Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност
Скопје, 9 ноември 2021 (МИА) - Владата денеска го утврди Предлог-законот за изменување на Законот за хартии од вредност со кој се овозможува освен брокерски куќи, банки, друштва за осигурување, друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, како основач и акционер во депозитарот да можат да бидат и домашни и странски берзи и депозитари. - Со ова дополнување на законското решение се врши либерализација на пазарот, што е и во насока на поголем техничко-технолошки развој на пазарната инфраструктура во областа на пазарот на капитал со влез на потенцијални странски инвеститори во оваа дејност, известуваат од Владата. ир/сп/

Остани поврзан