• среда, 25 декември 2024

Утврден бројот на европратеници од секоја членка на ЕУ за следниот состав на ЕП

Утврден бројот на европратеници од секоја членка на ЕУ за следниот состав на ЕП

Брисел, 22 септември 2023 (МИА) – Европскиот совет денеска донесе одлука за бројот на пратеници до секоја земја членка на ЕУ кои треба да бидат избрани во Европскиот парламент за парламентарниот состав од 2024 до 2029 година.

Согласно оваа одлука, како што соопшти Европскиот совет, во следниот Европарламент ќе има 720 пратеници при што двајца европратеници повеќе од досега ќе имаат Франција, Холандија и Шпанија, а по еден плус ќе добијат Австрија, Белгија, Данска, Ирска, Летонија, Полска, Словачка, Словенија и Финска.

Измените на бројот на европратеници се вршат врз основа на демографските промени во земјите членки на ЕУ во споредба со периодот од пред последните избори за европратеници.

Според Договорот за Европската унија, бројот на пратеници во Европскиот парламент не може да надмине 750 плус неговиот претседателот, се предвидува застапеноста да биде дегресивно пропорционална, со најмалку шест европратеници од секоја земја, но притоа максималниот број на членови од една членка да не може да биде поголем од 96.

Со денешната одлука Советот на ЕУ распоредот на бројот на европратеници од секоја земја членка за парламентарниот состав 2024-2029 година ќе биде следниот:

Изборите за составот на Европскиот парламент за периодот 2024-2029 година ќе се одржат во јуни следната година. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан