• четврток, 26 декември 2024

Уставниот суд ќе расправа за четири иницијативи за оценување уставност и законитост

Уставниот суд ќе расправа за четири иницијативи за оценување уставност и законитост
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Уставниот суд денеска ќе ја одржи 30-та седница на чиј дневен ред се четири иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставните судии ќе расправаат за уставноста и законитоста на член 146 став 2 и став 3 од Законот за парничната постапка, на Одлука на Совет на Општина Ново Село од 03.02.2022 година, на одредби oд Статутот на Стоматолошката комора на Македонија и за Правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) - Скопје.са/хс/    

Остани поврзан