• четврток, 05 март 2026

Уставниот суд ќе одржи седница, првпат ќе се пренесува во живо

Уставниот суд ќе одржи седница,  првпат ќе се пренесува во живо

Скопје, 4 февруари 2026 (МИА) - Уставниот суд денеска ќе ја одржи 3. седница, на која предвидено е да се дискутира по девет иницијативи за оценување уставност и законитост.

Седницата, како што е најавено, јавноста првпат ќе може да ја следи во живо преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на судот.

Уставниот суд претходно соопшти дека со ова почнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност почнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење - седниците да се пренесуваат во живо. 

Пред уставните судии  на дневен ред се повеќе иницијативи, меѓу кои и иницијативата од Уставен суд на РСМ, со која се оспоруваат член 14 во делот „претседател на уставниот суд на Република Македонија и“ и член 15 во делот „судија на уставниот суд на Република Македонија“ од Законот за плата и други надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија. аа/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан