• среда, 18 декември 2024

Уставниот суд разгледа десет иницијативи, помеѓу отфрлените членови од Законот за даноците и Законот за управни спорови

Уставниот суд разгледа десет иницијативи, помеѓу отфрлените членови од Законот за даноците и Законот за управни спорови

Скопје, 4 декември 2024 (МИА) - Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата 31-ва седница на која беа разгледани десет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста, како и четири предлози за одлучување. Меѓу отфрлените иницијативи беа оние за оценување на уставноста на членови од Законот за даноците, Законот за управни спорови и Законот за организацијата и методологијата на прибирање податоци.

Како што соопштуваат од Уставен суд, помеѓу отфрлените иницијативи денеска биле иницијативата за оценување на уставноста на член 6 став 3 и 4 од Законот за даноците, иницијативата за оценување на уставноста на член 26 став 2 од Законот за управни спорови беше отфрлена, иницијативата за оценување на уставноста на одредби од Законот за организацијата и за единствената методологија на прибирањето, евидентирањето и обработката на податоци била отфрлена, иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки и иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за донесување на Регулациски план на Град Скопје.

Судот одлучил да не се поведе постапки за оценување на уставноста на член 31 став 3 од Законот за медијација, за оценување на уставноста на одредби од Изборниот законик и други акти, за оценување на уставноста на член 62 став 2 од Законот за јавното обвинителство и за оценување на уставноста на член 7 став 2 од Одлуката за распределба на социјални станови.

Се поведува постапка за оценување на уставноста на одредби од Деловникот на Советот на Општина Ресен. 

Покрај иницијативите, на седницата биле разгледани и четири предлози за одлучување. Судот ја поништил Одлуката за основање на друштво со ограничена одговорност, донесена од Советот на Општина Вевчани, по иницијатива на Државниот инспекторат за локална самоуправа. Исто така, биле укинати одредби од Деловниците на Советите на Општините Куманово, Новаци и Радовиш. ар/ац/

Фото: МИА архива  

 

Остани поврзан