• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Уставниот суд на Романија ја потврди забраната за кандидатурата на Калин Ѓоргеску

Уставниот суд на Романија ја потврди забраната за кандидатурата на Калин Ѓоргеску

Букурешт, 11 март 2025 (МИА) - Уставниот суд на Романија донесе конечна одлука дека Калин Ѓоргеску не може да се кандидира на претседателските избори во мај, јави телевизијата „Диџи 24“.

Одлуката е обврзувачка и следува откако Централното изборно биро во неделата ја одби кандидатурата на Ѓоргеску.

Денеска Уставниот суд разгледа 11 жалби против оваа одлука и сите ги отфрли. ссм/

фото: архива

Остани поврзан