• среда, 25 декември 2024

Уставниот суд на БиХ ги поништи одлуките на Парламентот на РС за пренесување на надлежностите на ниво на ентитети

Уставниот суд на БиХ ги поништи одлуките на Парламентот на РС за пренесување на надлежностите на ниво на ентитети
Сараево, 27 јуни 2022 (МИА) - Уставниот суд на БиХ ги укина одредбите од Декларацијата за уставните принципи на Народното собрание на Република Српска, како и заклучоците за трансферот на надлежностите од државно на ниво на ентитет, што парламентот на РС ги усвои во декември минатата година. Уставниот суд на БиХ ја донесе оваа одлука откако петнаесет членови на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ иницираа спор меѓу Босна и Херцеговина и Република Српска. Судот ги поништи заклучоците на Националното собрание на РС за трансферот на надлежностите од државно на ниво на ентитети во областа на одбраната, судството и индиректното оданочување. Укинатите одредби престануваат да важат следниот ден од на објавувањето на одлуката во Службен весник на БиХ. На 10 декември минатата година, Националното собрание на РС усвои низа заклучоци кои предвидуваа усвојување на закон за основање на Армијата на РС, Високиот судски и обвинителски совет на РС, како и ентитетот Управа за индиректно оданочување. ми/

Остани поврзан