• петок, 27 декември 2024

Уставниот суд времено го запре издавањето изводи со етничка припадност

Уставниот суд времено го запре издавањето изводи со етничка припадност

Скопје, 5 јули 2023 (МИА) - Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на упатството за водење на матични книги и да се донесе времена мерка односно решение со кое се запира извршувањето на обрасците кои веќе се во примена, а тоа конкретно се однесува на изводите од матичната книга за родените со оглед дека останатите обрасци се со одложена примена од 1 јануари 2024 година, изјави портпаролката на Уставниот суд Кристина Беловска. 

Како што истакна таа, Уставниот суд денеска оцени дека со донесувањето на упатството од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52, став 2 од Уставот во кој не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова упатство заведено со архивски број од 29 мај 2023 година и објавено на 15 јуни 2023 година што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за седум дена.

-Тука ќе напоменам на важноста на овој основ бидејќи Уставот не приоѓа на роковите како на техничко прашање туку на прашање кое длабоко навлегува во уставните гаранции на основните слободи и права токму дека е сместено токму во тој дел од Уставот, рече Беловска.  

Со оглед на тоа дека се запираат активностите за извршување на упатството односно во овој период додека Уставниот суд не донесе конечна одлука за овој предмет не смеат да се издаваат тие изводи.

Она што следува е подготовка на нов реферат што ќе содржи предлог за укинување или поништување на она што е поведено. 

Иако на седницата имаше искажано различни размислувања, одлуката на Уставниот суд е донесена со пет гласа односно со мнозинство гласови. 

-Различните мислења се однесуваа на изјаснувањето на донесителот на актот. Уставниот суд во оваа фаза ќе ги бара тие мислења со оглед на тоа дека ќе се подготвува конечна одлука и ќе се бараат мислења од доносителот на актот, изјави Беловска.

За тоа дали ќе важат веќе донесените изводи, Беловска вели дека тоа засега не го коментираат но дека ќе се знае кога Уставниот суд ќе ја донесе конечната одлука. 

Портпаролката на Уставниот суд информираше исто така освен овој предмет за упатството за водење маични книги, има уште два други на кои се работи. 

-Во моментот кога тимот што го работеше го изготвија овој предмет и го предадоа на претседателот на Уставниот сауд, после тоа пристигна и иницијатива за оценување на упаството од страна на друг подносител, политишка партија Левица и тој предмет е во работа, а дополнително пристигна и уште една иницијатива со која се оспорува и законот. И по тој предмет се работи. Оформен е и се наоѓа во претходна постапка. Веднаш штом ќе биде изготвен, ќе биде ставен на седница, информираше Беловска.  

Портпаролката на Уставниот суд кажа дека оваа иницијатива беше спроведено по сопствена иницијатива на Уставниот суд, оти се работи за исклучок но дека не е нешто што не се случило досега. На денешната седница имаше уште една точка што ја покрена Уставниот суд, а се однесува на дел од статутот на Кисела Вода што се однесува на можноста општината да дава автентично толкување на актите што самата ги донесува. Ова, според Уставниот суд е спорно затоа што Општината не може да излегува од законските надлежности и сама да си доделува надлежности. 

-Тоа е исклучиво работа на Собранието односно на законодавецот, рече Беловска. 

На денешната седница имаше и други точки на дневниот ред. ев/лв/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан