• четврток, 26 декември 2024

Уставен суд доби донација од компјутери и печатачи од Турската агенција за соработка и координација

Уставен суд доби донација од компјутери и печатачи од Турската агенција за соработка и координација

Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Уставниот суд денеска соопшти дека доби донација од десет компјутери и десет печатачи од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Опремата во Судот пред вработените ја презентираа претставниците на агенцијата предводени од координаторот од Скопје, Мехмет Бајрак.

Координаторот на ТИКА, Бајрак нагласил дека денешната донација е продолжување на соработката со Уставниот суд на која претходи опремување на салата за состаноци и прес конференции во 2020 година и обезбедување на техничка опрема во 2013 година. 

-Претседателката Добрила Кацарска изрази благодaрност во име на сите вработени во Судот и нагласи дека оваа донација е значајна за ажурно и ефикасно работење на сите во Уставниот суд од аспект на технички можности и опрема, се вели во соопштението на Уставниот суд. бт/нд/

Фото: Уставен суд

 

Остани поврзан