Успешно спроведена крводарителна акција во Општина Илинден
- СООПШТЕНИЕ - На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост, солидарност и посветеност кон спасување на човечките животи со дарување на крв.

4 април 2025
Во Општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена редовна крводарителска акција во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост, солидарност и посветеност кон спасување на човечките животи со дарување на крв.
На акцијата која почна во 09 часот и траеше до 13 часот собрани се околу 40 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние на коишто им е најпотребна.
Општината изразува длабока благодарност до сите доброволци што ја поддржаа акцијата и помогнаа да се оствари оваа мисија за градење на една солидарна и хумана заедница.
Општина Илинден
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.