• среда, 18 декември 2024

Успешно реализирана ИПАРД 2 Програмата

Успешно реализирана ИПАРД 2 Програмата

Скопје, 12 декември 2024 (МИА) - Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев го потпиша последното решение од ИПАРД 2 Програмата во текот на која беа објавени 9 јавни повици и реализирани вкупно 2 170 договори од мерките 1,3,7 и 9. Вкупната вредност на исплатената финансиска поддршка за реализираните договори изнесува околу 4,2 милијарда денари или 68 милиони евра што е 85 отсто искористеност од буџетот на Програмата.

Платежната агенција потсетува дека Европската комисија ја прогласи Република Северна Македонија за лидер во искористеност на ИПАРД средствата во регионот.

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД II програмата (2014–2020) за Република Северна Македонија е пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. Со ратификување на Рамковната спогодба меѓу Република Северна Македонија застапувана од страна на Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Северна Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), склучена е на 27 март 2015 година, во Скопје.

Според Агенцијата, до денес успешно се рeализираа: Мерка 1 - Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства со вкупна финансиска искористеност од над 1,4 милијарди денари, односно 23 милиони евра, Мерка 3 - Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи со вкупна финансиска искористеност од околу 1,8 милијарди денари, односно 30 милиони евра, Мерка 7 - Диверзификација на фармите и развој на бизниси со вкупна финансиска искористеност од околу 1 милијарда денари, односно 15 милиони евра, како Мерка 9 - Техничка помош со вкупна финансиска искористеност од 20 милиони денари, односно 300 000 евра.

-Со оглед на успешната имплементација на ИПАРД II и успешното прилагодување на Европските законски норми Република Северна Македонија покажува дека има капацитет ефективно да чекори по патот на Евроинтегралните процеси, наведува Агенцијата. мч/са/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан