• сабота, 28 декември 2024

Успешно реализирана акцијата „Генералка викенд“ во Битола

Успешно реализирана акцијата „Генералка викенд“ во Битола

Битола, 20 мај 2024 (МИА) - Општина Битола успешно ја реализира пролетната акција за чистење и селектирање на отпад „Генералка викенд“, иницијатива на Мен енд Маунтен во соработка со Пивара Скопје и ПАКОМАК.

Во акцијата се вклучија јавните претпријатија, 10 основни и три средни училишта, потоа Оф Роуд клубот „Пелистер“ од Битола, КУД Илинден и дел од граѓаните преку своите месни и урбани заедници, соопштија од тамопната локална самоуправа.

-Годинава, на третата по ред еко-акција „Генералка викенд“ се расчистија диви депонии во близина на Новиот пазар, кај хотел „Битола“, 3 помали локации во АРМ, како и депонии кај Светонеделските и германските гробишта. Во текот на вчерашниот ден жителите на урбаната заедница „Панде Кајзеро“, заедно со членовите на Оф роуд клубот „Пелистер“ чистеа на потегот од местото викано „Кај авионите“ до Црквата „Свети Атанасиј“ во Смолево, додека членовите на КУД „Илинден“ го расчистија просторот кај УЗ „Даме Груев“. Со вклученоста на голем број граѓани, оваа акција придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита на животната средина, информираа од Општина Битола.

Собраниот смет е отстранет од екипите на јавното претпријатие „Комуналец“ од каде апелираат да не се создаваат нови диви депонии во градот. мт/дма/


 

Остани поврзан