• четврток, 28 ноември 2024

Успешно заврши 24. меѓународен фестивал „Денови на комедија“ Куманово

Успешно заврши 24. меѓународен фестивал „Денови на комедија“ Куманово
Куманово, 10 октомври 2021 (МИА) - Успешно заврши 24-тото издание на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ Куманово, оценија денеска надлежните од Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На фестивалот настапија девет домашни и театри од земјите од регионот. - Ние сме задоволни од одржаниот фестивал и уште поважно, публиката беше задоволни. Имавме 30 проценти исполнетост на салата во НУЦК, сите претстави беа максимално посетени, согласно протоколите. Вкупно, имавме околу 2.500 посетители за деветте претстави. Имавме разбирање од граѓаните за условите во кои се одржува фестивалот, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски. И учесниците на фестивалот, домашните и театрите од земјите од соседството, претставниците од Министерството за култура се задоволни од овој фестивал кој идната година ќе слави 25 години постоење. - Веќе почнавме со планирање за јубилејот, иако сè уште не знаеме какви ќе бидат условите со пандемијата. Во наредниот период, ќе разгледаме претстави. Мислиме дека јубилејниот фестивал ќе биде одличен и очекуваме поддршка од ресорното Министерство и општината, изјави Тодоровски. Фестивалот „Денови на комедија“ е бренд на Куманово кој секоја година добива поддршка од институциите, но пред сè од граѓаните кои бараат билет повеќе за комедиите кои се прикажуваат. ам/мс/

Остани поврзан