• недела, 28 јули 2024

Успешни Бугари во областа на бизнисот ги споделија своите искуства со студенти од Американскиот универзитет во Бугарија

Успешни Бугари во областа на бизнисот ги споделија своите искуства  со студенти од Американскиот универзитет во Бугарија

Софија, 2 март 2023 - Успешни Бугари во областа на бизнисот се сретнаа со студенти од Американскиот универзитет во Бугарија и ги споделија своите искуства. Конференцијата ја организираа студенти од Бизнис клубот од вишата школа. Пречекани со црвен тепих и под рефлектори, тројца успешни менаџери и претприемачи зборуваа за патот до успехот.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Меѓу нив беше и извршниот директор на HP Inc. за Бугарија Александар Бекјаров. „Биди човек со кој е лесно да се работи“ беше меѓу првите лекции што Бекјаров ја научил во кариерата од својот ментор пред неколку години. Пред учениците тој сподели дека со месеци и на два големи проекти ја испробал лекцијата, но во нејзините две крајности – да се согласи на сè, и откако ќе утврди дека тоа не функционира многу успешно, да одбие предлози. Лекцијата - неопходна е рамнотежа, за да се биде човек со кој е лесно да се работи, треба егото да се остави во втор план, изјави Бекјаров.

Претприемачот и управен партнер во ExpandX Темелко Дечев им даде насоки на младите како да бидат добри во продажбата. „Лекциите“ на Дечев се однесуваат на вештини кои би им биле од корист на учениците во која било област од животот, особено во комуникацијата со луѓето, а заедно со тоа даде совет да бидат вљубени во она што го работат.

Докторот, биотехнолошки претприемач и основач и директор на OS Implants д-р Вањо Везиров исто така беше меѓу говорниците на средбата организирана меѓу студенти и успешни Бугари. Д-р Везиров е млад лекар кој во 2020 година доби награда „Иновации во медицината“, а компанијата што ја основа е поврзана со изработка на вештачки коски за луѓе и животни преку процес на 3Д печатење. Покрај успесите, д-р Везиров зборуваше и за неуспесите, патот до идејата и мотивацијата што може да се најде во што било, сè додека некој бара можности наместо да се фокусира на неуспеси.

Луѓето кои ги избираме за ментори и учесници на нашите состаноци успеаја во бизнисот, а во исто време имаат интересна приказна да им раскажат на студентите, рече Деница Русинова од Катедрата за говорници на Бизнис клубот на Американскиот универзитет во Бугарија. Според зборовите и целта на овие средби и настани е доближување на нивните колеги студенти до бизнис сферата, а тоа е додадена вредност на студиите на универзитетот.

Меѓу гостите на настанот беше и управниот директор на KPMG IT Service OOD, а модератор на разговорот беше извршната директорка на онлајн медиумите за иновации Trading Topics, Ирина Обуштарова. 

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

 

Остани поврзан