• среда, 25 декември 2024

Усвоен Предлогот за поведување на постапка за водење преговори на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан 

Усвоен Предлогот за поведување на постапка за водење преговори на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан 

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Владата на денешната седница го разгледа и усвои Предлогот за поведување на постапка за водење преговори на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан и Нацрт текстот на Договорот за пристап до студии и прием во високо образование во Западен Балкан кој ќе биде основа за водење на преговорите во рамки на Берлинскиот процес. 

Како што информираат од владината прес-служба, иницијативата за склучување на овој Договор произлегува од Берлинскиот процес како резултат на инклузивната континуирана соработка помеѓу шесте земји на Западен Балкан, односно помеѓу Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина.
 
-Целта на преговорите е да се склучи Договор кој ќе се применува во сите шест земји на Западен Балкан, со кој, меѓу другото, се предвидува и постапката за признавање на дипломите за завршено средно образование во насока на овозможување пристап до високото образование во Западен Балкан, нагласуваат од Владата. вј/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан