• среда, 25 декември 2024

Усвоена потребата по скратена постапка да се носат законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители

Усвоена потребата по скратена постапка да се носат законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители
Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) - Собранието вечерва ја утврди потребата по скратена постапка да бидат донесени законот за Јавно обвинителство и законот за Советот за јавни обвинители. За овие законски решенија треба да расправаат Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија. Опозицијата побара од претседателот на Собранието да ги врати законите до Владата бидејќи според нив предлозите се доставени неделовнички и нема одлука на Влада ниту за повлекување на материјалот, ниту за новиот предлог. - Вие треба да го вратиме овој материјал бидејќи на седницата на Владата нема одлука за повлекување, ниту одлука за доставување на нов материјал во Собранието. Врз основа на ова, предлозите се неделовнички и согласно Деловникот имате обврска и право да го вратите предлогот до Владата и таа откако на седница ќе ги помине, да ви ги достави предложените зкаони за да може да закажате седница. Вака вие учествувате во кршењето на Деловникот на Собранието, рече Мицевски. Претседателот на Собранието Талат Џафери истакна дека седницата ја свикал согласно надлежностите и дека Парламентот работи согласно доставени материјали од надлежни институции. бак/бт/  

Остани поврзан