• среда, 27 ноември 2024

Усвоена одлуката за вклучување член од Граѓанското општество во работата на Меѓуресорското тело за координација на антикорупциските активности

Усвоена одлуката за вклучување член од Граѓанското општество во работата на Меѓуресорското тело за координација на антикорупциските активности

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија, на предлог на вицепремиерот за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, ја усвои одлуката со која член од Граѓанското општество се вклучува во работата на Меѓуресорското тело за координација на антикорупциските активности.

-Во оваа насока, Советот за соработка на Владата и граѓанското општество ќе предложи член од здружение кое е активно најмалку 10 години во областа на превенцијата и борбата против корупцијата. Ова е важен чекор каде граѓанскиот сектор ќе го даде својот придонес во превенцијата и борбата против корупцијата, а не како досега кога граѓанското општество имаше само улога на набљудувач, се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Арбен Фетаи. цр/вг/

Фото: Кабинет на Арбен Фетаи 

Остани поврзан