• сабота, 28 декември 2024

Усвоена Националната програма за насочување на процесот на европска интеграција

Усвоена Националната програма за насочување на процесот на европска интеграција
Скопје, 29 јуни 2021 (МИА) – Владата на денешната 83-та седница ја разгледа и усвои Националната програма за усвојување на правото на ЕУ 2021-2025 и го задолжи Секретаријатот за европски прашања да ја достави до Собранието, најдоцна до 5 јули 2021 година, а до Европската комисија најдоцна до 31 јули 2021 година. Националната програма за усвојување на правото на ЕУ е еден од стратешките и програмските документи на Северна Македонија за насочување на процесот на европска интеграција, и ги дефинира приоритетите, стратегиите, динамиката и потребните ресурси за усогласување на националното законодавство со европското право, како и активностите за прилагодување на националните институции кон европските административни структури. Клучната цел на НПАА е да ја исцрта националната траекторија до членство на земјава во Европската Унија, рефлектирајќи ја со тоа политичката заложба и одлучност за длабоки реформи. свс/сп/

Остани поврзан